Почетна Убавина и здравјеСекоја жена изгледа барем 10 години помладо со оваа боја и должина! – Убавина и здравје

Секоја жена изгледа барем 10 години помладо со оваа боја и должина! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Посакала промена, па ја пуштила косата да порасне и сите ги воодушевила со изгледот

Откако со години ја прогласуваа за најтажната принцеза и зборуваа дека има проблеми во бракот, дури и дека сопругот сака да ја смести во лудница, се чини дека принцезата Шарлин конечно живее со полни гради.

Во последно време можеме да ја видиме насмеана, а привлекува големо внимание и со стајлинзите. Овој пат го воодушевила светот со новата фризура.

Со години беше препознатлива по кратката руса коса, а сега се одлучила за поелегантна и посредена фризура. Многумина забележале дека оваа фризура ја прави поженствена за разлика од таа што ја носеше претходно.

Поврзани објави

Совршено ѝ прилега прекрасната потемна нијанса на руса коса. Освен тоа, токму оваа боја, но и должина се совршени за жени кои ја газат петтата деценија и сакаат да изгледаат посвежо и поодморено.

Должината на косата до раменици визуелно ја продолжува целата става и ги нагласува убавите црти на лицето, додека бојата инстантно прави да изгледате поживо и посвежо.

Оваа промена првпат ја претставила за време на посетата на засолниште за животни во Монако, а воодушевила и со стајлингот. Одбрала комбинација во најактуелните бои.

Капутот со двојно закопчување и поширок ремен, со благ А-крој, дополнително го нагласил нејзиниот нов, поелегантен стил.

ФОТО: Инстаграм