Анастасија Ражнатовиќ, ќерката на познатата фолк-изведувачка Светлана Цеца Ражнатовиќ, на социјалните мрежи сподели снимка со своите следбеници на која се прикажуваат нејзините родители — Цеца и Жељко Ражнатовиќ, познат како Аркан.
На објавената снимка од телевизиско гостување на Цеца со нејзиниот сопруг, едно од прашањата од гледачите беше дали Аркан станал „папучар“ и дали помага дома со домашните задачи. На тоа, Цеца со насмевка одговори дека на нејзиниот сопруг ниеден вид работа не му е стран и дека таа е многу среќна затоа што тој е таков.
Аркан, исто така насмеан, додаде дека би бил „конкурент за златна папуча“, што ги насмеа сите присутни. Во својата објава, Анастасија кратко порача: „Здрава машкост + самодоверба.“
Поврзани објави
Снимката предизвика позитивни реакции кај следбениците, кои ја поздравија прикажаната атмосфера на хармонија и разбирање во семејството.
Видео: Инстаграм