Почетна ПопуларноАденовирус покоси десетици деца и зарази илјадници во Индија

Аденовирус покоси десетици деца и зарази илјадници во Индија

од nenad
1 минути читај за

Во индиската држава Западен Бенгал, деветнаесет деца загинале и илјадници се заразени со аденовирус. Повеќе од 3.000 деца со тешки симптоми на грип се згрижуваат во болниците. Од јануари се пријавени 12.000 случаи на аденовирус, но регионалните власти тврдат дека има многу повеќе заразени деца. Локалните медиуми пишуваат дека неофицијално починале повеќе од сто деца.

Аденовирусот може да предизвика воспаление на дишните органи, очите и стомакот. Како првични мерки, носењето на маски и оддржувањето на растојание е наметнато, но сè уште нема наредба за затворање на училиштата. Педијатриските одделенија на болниците се преполнети, а здравствениот систем нема капацитет да ги третира и згрижува сите заразени деца. Во некои места во еден болнички кревет може да има и до две деца. Сите отсуства на медицинските лица се замрзнати, а клиниките се отворени преку целиот ден. Стотина семејства ги однесле своите болни деца во Колката и престојуваат во шатори во дворот на болницата.

Здравствените експерти тврдат дека две мутирани варијанти се одговорни за епидемијата во Западен Бенгал. Регистрирани се и мали број случаи од соседните држави Махараштра и Карнатака.

Педијатрите укажуваат дека во изминатите години не е било посветено доволно внимание на здравствената грижа за децата. Општата тревога поради пандемијата на COVID-19 придонесе за целосно опремување на општите амбуланти, но не и на детските одделенија.

Поради тоа што живееме во постковид ера, треба да се подготвиме за било какви епидемии. Оваа година е аденовирус, но следната би можела да биде RSV или грип, вели Прабас Прасун Гири, шеф на одделение за интензивна нега на Институтот за детско здравје во Колката.