Почетна ЕкономијаАко нема струја во деловите Сарај, Ѓорче Петров, Центар и Карпош, еден број улици во Карпош нема да има достап до вода.

Ако нема струја во деловите Сарај, Ѓорче Петров, Центар и Карпош, еден број улици во Карпош нема да има достап до вода.

од nenad
1 минути читај за

Денеска повеќе делови во општините Сарај, Ѓорче Петров, Центар и Карпош нема да имаат струја, а вода нема да има на неколку улици во Карпош, информира Регионалниот центар за управување со кризи. Од 10 до 13 часот без струја ќе бидат делови од село Кондово, село Кучково (викендици), село Грачани и Караула Чашка во Општина Сарај. Во Ѓорче Петров, струја ќе нема во објекти од село Кучково кон Крстот од 9 до 11 часот, а од 9 до 12 часот струја ќе нема на дел од улицата “Владимир Полежиновски” во Центар и од 9:30 до 13 часот, на дел од улицата “Милан Марковиќ” и потрошувачите околу објект број 21б во Карпош. Во Центар, струја ќе нема на дел од улиците “Ганчо Хаџипанзов”, “Капештец”, “Димитар Пандилов” и “Питу Гули” од 9 до 11 часот. Кorisниците од улица “Букурешка”, како и делови од улиците “Париска” и “Прашка” во Карпош денеска од 9 часот до завршувањето со интервенцијата ќе имаат прекинато водоснабдување.

Leave a Comment