Познатата писателка и колумнистка Ведрана Рудан веќе не може да стане од кревет. Иако зема морфиум, има неподносливи болки.
Рудан веќе подолго време води тешка битка со сериозна болест. И покрај силните болки, таа продолжува да пишува, а со својот најнов текст насловен „Петелова криста“ предизвика бројни реакции и поттикна многумина да се преиспитаат колку го ценат сопственото здравје.
Во текстот, Рудан опишува како посакала да отиде на пазар со сопругот за да купи билка што ѝ ја препорачала пријателка, но не успеала да стане од креветот.
Со години читам по порталите дека сè е во главата. Дека самите одлучуваме како ќе ни биде. Затоа синоќа цврсто решив — ќе го занемарам болот. Утре, односно денес, ќе ја ставиш својата дланка во неговата, ќе си речеш ‘по ѓаволите’, и ќе тргнеш во лов на ‘кристи’. Лежањето во кревет не боли, но гледањето низ истиот прозор со денови и прелистувањето портали — тоа убива“, почнува Ведрана, па продолжува:
Осамна утрото. На сопругот не му кажав ништо за мојот план додека го пиевме утринското кафе во креветот. Тој стана и отиде во бањата, а јас гласно си повторував: ‘Сè е во твојата глава, сè е во твојата глава…’. На крајот, зедов таблетка морфиум… Не се обидов да скокнам од креветот — не треба да се претерува. Едната нога ја ставив покрај другата и бавно, многу бавно, ги движев кон рабoт. Кога ги спуштив, почувствував како болката ми се забива меѓу ребрата. Вреснав и повторно легнав.“
Писателката порача дека ниедна сабота не е обична, и дека е жално што луѓето не го сфаќаат тоа.
Во собата влезе сопругот. Среќа што не ме слушна.
‘Што да ти донесам од град?’ ме праша.
‘На пазар купи ми десет петлови кристи’, му одговорив.
Чудно ме погледна. Му покажав фотографија. ‘Аха’, рече и излезе.
Кога останав сама, полека го смирував здивот и влегував во зоната без болка. Гледам во екранот што го покрива прозорецот на мојата соба. Ве гледам вас, како шетате по пазарите, гледате во цветовите, можеби и не знаете дека добро поднесуваат мраз, па купувате некое друго цвеќе. Малку ви е здодевно. Мислите дека денес е само уште една обична сабота во вашиот живот. Штета што не знаете – ни јас не знаев – нема обични саботи,“ завршува Рудан.
Бројни следбеници ѝ упатија зборови на поддршка во коментарите:
Отсега ќе гледам поинаку на секоја сабота.“
„Ведрана, со тебе сме и мислиме на тебе.“
„Таквата Ведрана ја сакам – занемари сè и живеј!“
„Посакуваме брзо закрепнување, начинот не е важен – само продолжи да пишуваш!“
Извор: Информер.рс