Вчера во Белград, Андреј Ташковиќ, синот на познатата пејачка Вики Миљковиќ го прослави својот 18-ти роденден во присуство на бројни јавни личности и пријатели на семејството.
Меѓу првите гости што пристигнаа беше фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ, која е и кума на Вики. Нивното пријателство датира уште од детските денови, а дополнително е зацврстено преку семејни врски – нивните родители биле блиски пријатели и колеги на Педагошката академија во Приштина.
„Нашето кумство не е естрадно, тоа е нешто што постои од мали нозе. Со Цеца растевме заедно, нашите семејства беа блиски, а така останавме и ние“, изјавила Вики во една претходна пригода.
Поврзани објави
Покрај Цеца, важна улога вчера имаше и пејачката Сања Ѓорѓевиќ, која исто така е кума на Вики и дел од семејните прослави веќе со години. Сања е присутна на сите важни настани во животот на Вики, што уште еднаш потврдува дека нивното пријателство е долго, искрено и нераскинливо.
Двете дами застанаа рамо до рамо со својата кума, поддржувајќи ја Вики и нејзиниот син во еден од најзначајните моменти во неговиот живот.
А како изгледаше дел од атмосферата можете да погледнете ТУКА.