Пејачката Зорица Стојковиќ, учесничка во „Никогаш не е доцна“, се присети на драматичен настап во Швајцарија кога за време на концертот на Лепа Брена бил фрлен солзавец, а сцената се претворила во хаос.
Пејачката Зорица Стојковиќ откри детали од турнејата во Швајцарија кога во младоста настапувала заедно со покојниот Саша Поповиќ и легендарната Лепа Брена. Таа се присети на периодот кога цели четири месеци настапувале низ земјата и ја опиша Брена како најголема ѕвезда на просторите на поранешна Југославија.
Брена и Саша беа неверојатни – едноставни, топли и секогаш подготвени за шега. Сакав да бидам како неа, таа е вистинска дама и професионалец,“ изјави Зорица, која тогаш била нејзина предгрупа и пратечќки вокал.
Но еден концерт останал засекогаш врежан во нејзиното сеќавање – кога некој од публиката фрлил солзавец.
Се создаде паника, сите бегавме на подрумот, а полицијата мораше да нè евакуира. Сепак, Брена и Саша не се повлекоа – останаа со нас до крајот,“ раскажа пејачката.
Поврзани објави
Иако настанот можел да заврши трагично, уметниците покажале неверојатна храброст и професионализам.
Веднаш по инцидентот се вративме на сцената и го довршивме концертот. Таква посветеност кон публиката ретко се гледа,“ заврши Зорица со восхит.
printskrin youtube – lepa brena