Претседателот на Бразил, Инасио Лула да Силва, во текот на денешниот телефонски разговор со неговиот американски колега, Доналд Трамп, апелираше за отстранување на данокот од 40 проценти на бразилските добра.
Лула исто така му достави покана на Трамп да биде присутен на претстојниот Климатски Самит, чиј домаќин ќе биде Белем.
По телефонскиот разговор, Трамп објави на својата платформа за социјално вмрежување „Трут соушл“ (Truth social) дека имал пријатен разговор со Лула.
“Разговаравме за многу работи, но најмногу се фокусиравме на економијата и трговијата помеѓу нашите земји”, наведе Трамп, додавајќи дека двајцата “ќе имаат повеќе разговори” и оти набрзо ќе се сретнат и во Бразил и во САД.
ми/фото: ЕПА
Извор: МИА