Почетна Убавина и здравјеНаташа Беквалац во солзи – ќерката Хана се пресели во Мадрид, пејачката тешко ја поднесува разделбата! Ова е причината за тагата

Наташа Беквалац во солзи – ќерката Хана се пресели во Мадрид, пејачката тешко ја поднесува разделбата! Ова е причината за тагата

од nenad
1 минути читај за



Пејачката Наташа Беквалац искрено проговори за болката што ја чувствува откако нејзината ќерка Хана Икодиновиќ се преселила во Шпанија поради студии…

Една од најпознатите пејачки на Балканот, Наташа Беквалац, призна дека ѝ е сè потешко без својата постара ќерка Хана, која неодамна заминала во Мадрид за да ги продолжи студиите. Иако се гордее со нејзината самостојност, пејачката не крие дека разделбата ја погодува.

Сè ми е потешко… Веќе ја посетив,“ открила Наташа, кратко и искрено, кога медиумите ја сретнале на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, каде пристигнала во опуштено издание и без шминка.

Покрај емоционалната тема за ќерката, Беквалац накратко проговорила и за својот нов музички проект.

Наскоро. Спремна сум,“ изјавила со насмевка, навестувајќи дека подготвува нов албум.

Во меѓувреме, Хана ужива во студентскиот живот во Мадрид и често споделува фотографии на социјалните мрежи, што уште еднаш потврдува дека растојанието не може да ја наруши блиската врска меѓу мајка и ќерка.

Instagram printscreen/hanaaikodinovicc