Три градови за три денови
Ден по ден, оваа недела читателите низ Македонија ќе можат да се сретнат со Венко Андоновски на промоциите во Битола, во Куманово и во Штип.
На 15 март, со почеток од 12 часот, во НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Битола, Винка Саздова ќе разговара со Венко Андоновски за сите прашања што ги покренува овој роман – животот, суетата, пријателството и верноста, прочистувањето на душата, потрагата по суштината. Винка Саздова, уште едно истакнато име на домашната книжевна сцена, ќе го придружува нашиот автор и во Штип, на 17 март, исто така со почеток од 12 часот, во НУ Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“.
Во Куманово се гледаме на 16 март, на вечерна дружба со почеток од 19 часот, во Фоајето на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“. Тука во улога на промотор ќе биде проф. д-р Кристина Николовска.
Венко Андоновски повторно со својот нов роман кој беше распродаден во помалку од еден месец. Заслужено освои наградата “Стале Попов” на Македонското друштво на писатели за најдобро прозно дело за 2022 година. Со продолжување на нови награди и освојување нова публика, внесете го новиот роман на мајсторот на зборот во вашиот свет.
Вратите на овие промоции во Македонија се отворени за секој, а од нив ќе добиете клуч кон продуховен свет. Придружете ни се заедно да го пречекаме новото поглавје во домашната книжевност!
Текст и фотографии: ПР