Почетна ЕкономијаСкандал во Албанија: Лекови за онколошки пациенти не стигнуваат, дел со истечен рок

Скандал во Албанија: Лекови за онколошки пациенти не стигнуваат, дел со истечен рок

од nenad
2 минути читај за

Според извештајот на Високиот државен завод за ревизија, онколошките пациенти во Албанија не добиваат соодветна услуга, ниту пак навремени лекови. Понекогаш, тие добиваат несоодветни, па дури и фалсификувани лекови со поминат рок.

Извештајот посочува дека состојбата не е подобрена ни по повторната проверка, а иако бројот на болни се зголемува, финансиските средства остануваат исти.

Се чини дека доделениот буџет на Министерството за здравство за лекови е недоволен и не ги задоволува вистинските потреби на албанските граѓани заболени од канцер, додека финансискиот план на Универзитетската клиника не ги рефлектира суштинските потреби на пациентите.

„Од извршените проверки на 28.02.2025 година во Централната аптека и на 13.03.2025 година во Фармацевтските блокови, во рамките на контролата на физичките залихи и споредбата со податоците во системот за лекови што се користат во третманот на туморски заболувања, е утврдено дека за лекот „Доксорубицин“ 50 mg (2mg/ml) – шишенце, иако физичката количина била во согласност со евиденцијата во системот, датумот на истекување забележан во системот не се совпаѓал со оној физички верификуван“, констатирал заводот за ревизија.

Резултатите од истрагата покажуваат дека процесот на набавка на лекови не е ефикасен, бидејќи речиси половина од потребните лекови за третман на туморските заболувања не стигнуваат до пациентите во Албанија.

Покрај тоа, забележани се 49 случаи на неоправдано задоцнување на испораката на лекови од страна на увозниците, иако многу пациенти чекале на нив. Властите санкционирале само двајца од нив.

„Врз основа на податоците што ги достави Секторот за дистрибуција за увозот на лекови, произлегува дека од 253 антитуморски лекови одобрени за продажба во Република Албанија, 116 од нив, или 46%, во ниту еден случај не биле увезени во текот на ревизорскиот период јануари 2021 – март 2025 година. Оваа ситуација носи потенцијални ризици за ефикасноста на постојните механизми“, се наведува понатаму во извештајот.

Државните ревизори сметаат дека во периодот од 2022 до 2025 година, недостигот на лекови во комбинација со проблемите во дистрибуцијата во болничките установи создаваат ризична ситуација за здравствениот систем и за пациентите кои се лекуваат во овие установи.

Исто така, утврдено е складирање на залихи со изминат рок, што вештачки ја зголемува количината на лекови во системот. Производството на лекови без претходна лабораториска анализа, исто така, претставува проблем.

За време на мониторингот, заводот известува за случаи на долго чекање за хемотерапија, поради што пациентите се принудени да се лекуваат во странство, со што им се одзема уставното право на здравствена заштита во нивната држава.

вт/Фото: архива .

Извор: МИА