Почетна ЕкономијаРаботниците од „Флораком“ и „Луна“ утре протестираат поради неисплатена августовска плата

Работниците од „Флораком“ и „Луна“ утре протестираат поради неисплатена августовска плата

од nenad
2 минути читај за

Веќе трет ден, од 10 до 12 часот, работниците од ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје и од друштвата со ограничена одговорност „Флораком“ и „Луна“, кои се подружници на ова претпријатие, демонстрираа поради неисплатената августовска плата во текот на вчерашниот ден.

Тие најавуваат протест и утре, на булеварот „Илинден“, во близина на Матично. „Се пристапи кон протест со блокирање на повеќе крстосници.“ На две места беше запрен сообраќајот на булеварот „Илинден“ и на мостот „Гоце Делчев“.

По завршувањето на протестот добивме неофицијална информација, која потоа ни ја потврдија и вработените, дека платата на вработените во ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје е исплатена, но дека исплатата во „Флораком“ и „Луна“ изостанува.

Поради оваа причина, утре повторно ќе има протест на ДООЕЛ „Флораком“ и „Луна“ на булеварот „Илинден“, кај Матично, од 10 до 12 часот, изјави за МИА претседателот на Синдикатот на СУТКОЗ (Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално – станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на Република Македонија) Стојанче Кашиковски. Тој потенцираше дека СУТКОЗ е единствениот репрезентативен синдикат за комунални дејности.

Кашиковски исто така потсети на Законот за јавни претпријатија, во кој, како што рече, постои член кој дозволува и други јавни претпријатија да се приклучат на штрајк на солидарност. Ги повика вработените од ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје, кои, според него, денес ја примаат платата, утре да им се придружат на вработените во „Флораком“ и „Луна“ и заедно да ги поддржат во нивното барање за исплата на августовската плата, која требаше да биде исплатена до 15 септември.

Кашиковски информираше дека синдикатот, заедно со стручен тим од ЈП „Паркови и зеленило“, иницирале изнаоѓање на нов модел за финансирање на претпријатието, базиран на искуства од соседните земји. „Факт е дека со овој начин на финансирање на ЈП „Паркови и зеленило“ не можат да се исплатат плати, надоместоци и да се обезбеди основно функционирање на претпријатието.“ Тој додаде дека ова планираат да го разработат како документ во наредните две недели.

„Со оглед на тоа дека има локални избори на 19 октомври, планираме нашите предлози на 15 или 16 октомври да ги изнесеме во јавност и да побараме од идниот градоначалник, без разлика кој ќе биде, да го земе тоа предвид како начин за финансирање на ова претпријатие и на фирмите „Флораком“ и „Луна“,” рече Кашиковски.

Од Независниот синдикат на „Паркови и зеленило“, пак, денеска преку соопштение најавија дека на 2 и 3 октомври, во периодот од 9:30 до 11 часот, ќе биде блокиран сообраќајот на семафорите на крстосницата на булеварот „Илинден“ со улицата „Никола Тесла“. Протестот ќе заврши пред дирекцијата на ЈП „Паркови и зеленило“.
мд/дма/Фото: МИА

Извор: МИА