Почетна ПопуларноИ нас така не лажеа – Шаќири со одговор на средношколците: Прашањата од матурскиот испит ќе ви требаат за понатаму

И нас така не лажеа – Шаќири со одговор на средношколците: Прашањата од матурскиот испит ќе ви требаат за понатаму

од nenad
1 минути читај за

Со цел да се олесни полагањето на државната матура за матурантите, кои бараат намалување на обемот на материјалот или интерните испити, министерот Шаќири ја разгледува законската можност. Шаќири најави состанок со претставници од Државниот испитен центар, бидејќи зависи од државната матура натамошната уписка во високообразовните институции. Министерот ќе разгледа законскиот основ и организацијата на државната матура, за да се промени во овој период и наредната недела планира да извести јавноста за сите чекори што ќе се преземат, како и да ја прегледаат материјалот за полагање на државната матура. Матурантите протестираа пред министерството за образование, барајќи да им се намали материјалот поради губењето наставата во време на пандемијата, протестите на професорите, проблемите со јавниот превоз и дојавите за бомби. Доколку МОН не го задоволи нивното барање, матурантите најавија бојкот на државната матура.