Пејачот Дарко Лазиќ повторно е во центарот на вниманието откако пред неколку дена предизвика уште една сообраќајна несреќа – овојпат со автобус на автопатот, во близина на белградската Арена.
Иако Лазиќ тврдел дека не консумирал алкохол, снимките на социјалните мрежи, како и официјалниот алкотест, го демантираат: во крвта му биле измерени дури 1,93 промили.
Ова е само последниот инцидент во долгата низа сообраќајни проблеми што ги имал пејачот. Потсетување – пред седум години едвај преживеа тешка несреќа, а поради честите прекршоци и несовесно однесување, му беше одземена возачката дозвола.
Неочекувана „помош“ од авто-школите
Иако јавноста остро го осудува неговото однесување, неколку авто-школи решија да го искористат моментот и на Лазиќ да му понудат – целосна бесплатна обука!
Со задоволство му подаруваме на Дарко Лазиќ целосна обука – сите 40 часа возење, потполно бесплатно! Дарко, ти посакуваме среќа и те очекуваме на часовите!“, објавија од една авто-школа.
На коментарите дека подарокот би имал поголема смисла доколку му се даде на млад човек кој нема пари за обука, од авто-школата возвратија:
Поврзани објави
Токму Дарко треба да го добие овој подарок – за конечно да научи да вози според правила и да престане да ја загрозува безбедноста на сите учесници во сообраќајот.“
Реакции од јавноста: шеги и критики
Необичната понуда предизвика лавина реакции на социјалните мрежи. Еден корисник саркастично коментираше:
Немате вие доволно автомобили за 40 часа со Лазиќ.“
Но имаше и многу критички гласови:
„Бадијала обуката, кога алкохолот секогаш ќе го победи.“
„Лоша реклама – ќе се скрши пак, па ќе рече дека ништо не научил.“
„Тој тврди дека знае да вози, ама фактите зборуваат друго.“
Како ќе реагира самиот пејач на овие „великодушни“ понуди сè уште останува непознато.