На свадбата на постарата ќерка Теодора Куниќ, бидермаерот заврши во рацете на нејзината сестра Наталија, што според народните обичаи значи дека следна е нејзината свадба.
Познатата водителка Сузана Манчиќ ја омажи својата постара ќерка Теодора Куниќ. Иако идентитетот на младоженецот не е откриен во јавноста, тој пред олтар ја однел Теодора облечен во воена униформа, што го направило чинот уште поспецифичен.
Највесела меѓу гостите била сестрата Наталија, која го фатила бидермаерот. Според старите народни верувања, девојката која ќе го улови е следна што ќе застане пред олтар, а токму тоа е судбината што, како што изгледа, ја очекува и помладата ќерка на Манчиќ.
Поврзани објави
Наталија ја потврди оваа претпоставка со фотографија на Инстаграм, на која го држи бидермаерот, додавајќи ја кратката, но значајна порака: „Што ќе правиме сега?“. Објавата предизвика бројни реакции и честитки од пријатели и следбеници.
Инаку, Сузана двете ќерки, Теодора и Наталија, ги доби од бракот со Небојша Куниќ, член на некогаш популарниот бенд „Седморица млади“. Двајцата се венчаа во 1989 година, а по осум години бракот заврши со развод.
printskrin youtube -zena.rs suana mancic