Проблем со радар, стар 27 години, беше разрешен за само три дена. Седум години никој не се грижел за резервни делови, бидејќи нивното производство престанало уште пред седум години.
„Се соочивме со проблем, но благодарение на професионалците успеавме во рок од три дена да го решиме и да го ставиме во функција“, вели заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во своето гостување на ТВ Сител.
Тој истакна дека со одлука на Владата ќе биде обврзан М-НАВ да започне со работа и во период од неколку месеци целосно да го стави во функција новиот радар. „Со одлука на Владата ќе го задолжиме М-НАВ да почне да работи и очекувам во еден период од неколку месеци целосно да го стави во функција новиот радар“, потенцираше тој.
Постојат стандардни тестирања, но М-НАВ ќе делува во рамките на потребното време за целосно ставање во функција на новиот радар. Во овој момент, имаме целосно функционални три радари, еден за охридскиот аеродром и два на скопскиот, со што е обезбедена целосна безбедност.
„Точно е дека се соочивме со проблем минатата недела кога откажа еден од радарите на скопскиот аеродром. Она што го откривме минатата недела е дека тој радар седум години работел на еден канал.“
Радарот е стар 27 години, а пред седум години престанало производството на резервни делови, и во текот на тие седум години не биле обезбедени делови, што претставуваше дополнителен проблем.
„Успеавме проблем кој што се ставал под тепих 27 години да го решеиме за три дена“, изјави Николоски.
аа/Фото: МИА архива
Извор: МИА