Кина е убедена во својата можност да задржи економски подем и да го поттикне светскиот прогрес, рече синоќа кинескиот премиер Ли Кечијанг на годишната седница на Генералното собрание на Обединетите нации.
Тој ги осуди едностраните мерки и протекционистичките активности како што се даноците, нагласувајќи дека тие придонесуваат за успорување на светската економија.
Ли апелираше на зголемена меѓународна соработка. Според него, Кина е „одговорен играч“ во справувањето со светските предизвици и увери дека неговата држава останува посветена на идеалот за еколошки развој.
ми/фото: МИА архива.
Извор: МИА