Научниците решиле да го одговорат прашањето што отсекогаш го мачело човештвото: што е постаро, кокошката или јајцето?
Одговорот на вечното прашање „што е постаро – кокошката или јајцето?“ конечно пристигна.
Ова е една од најголемите мистерии што го копка човештвото. Кога во стручните кругови ќе се започне расправија на оваа тема, првиот аргумент што се изнесува е фактот што јајцата постоеле во природата многу пред кокошките, бидејќи ги положувале и диносаурусите, кои исчезнале пред 65 милиони години. Меѓутоа, научниците од универзитетите Шефилт и Ворвик имаат поинаков одговор…
Прво, треба да се постави прашањето што, всушност, сметаме за кокошкино јајце. Ако го дефинираме како јајце што го положила кокошка, тогаш мајката би била прва. Но ако го набљудуваме јајцето како генерален концепт, без оглед на видот на птица што го снела, одговорот гласи дека, сепак, тоа е постаро.
Поврзани објави
А што велат експертите од споменатите институции? Нивното истражување покажало дека лушпата од кокошкиното јајце може да настане само од протеин што се создава во јајниците на оваа птица, што значи дека кокошката мора да постои пред јајцето. Тој протеин се вика овоклеидин, OC-17, и дејствува како катализатор, бидејќи го трансформира калциум карбонатот во кристали на калцит, кои создаваат тврда лушпа, неопходна за да се заштити ембрионот од кој ќе се развие пиле.
Заклучок: Бидејќи овој специфичен протеин се произведува внатре во телото на птицата и е неопходен за формирање на лушпата, тогаш мора прво да постои кокошката. Но ако ја гледаме пошироката слика и се потпираме на еволуциската историја, тогаш постаро е – јајцето.
Но еден од научниците вклучени во истражувањето изнел теорија дека јајцата што им претходеле на кокошкините можеби биле од друг вид, односно дека процесот на нивното создавање бил поинаков, без споменатиот протеин. Така што, одговорот на ова прашање зависи од која перспектива се разгледува.
ФОТО: Freepik