Почетна Убавина и здравјеСекој треба да ѝ го порача ова на својата ќерка! – Убавина и здравје

Секој треба да ѝ го порача ова на својата ќерка! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Кариерата на Мајли Сајрус трае веќе 19 години, додека таа одново и одново се докажува во сферата на филмот, телевизијата и музиката

Мајли Сајрус е една од најпопуларните млади пејачки во денешно време. На само 32 години таа веќе има постигнато многу: нејзината песна Flowers е една од најслушаните, има освоено награда „Греми“, ликот Хана Монтана засекогаш ќе остане врежан во детството на повеќето тинејџери…

Сепак, Мајли е девојка која и покрај светската слава, негува култ на скромност. Гордо нагласува дека е трезна веќе пет години и дека една специфична работа ѝ помага да остане приземна и скромна:


Поврзани објави

„Градинарството ми помага да останам приземна. Градинарството е нешто што го правите за себе. Кога даваме толку многу од себе, тие мали драгоцени мигови сакаме да ги поминеме со нешто едноставно – како што е садењето семе во земјата и негувањето – тоа станува многу личен процес.

Тоа е лек кој ме држи цврсто на земјата. И градинарството е дел од таа вежба, како што е јогата: излегуваш во природа, работиш нешто со рацете, а истовремено тоа е и креативен начин на изразување, кој не е поврзан со славата или успехот.“

И тоа ја прави среќна.

„Вистинска победа е кога ќе посеете семе во земја и ќе видите цвеќе напролет. Јас го правев тоа на брдо пред некое време.

Се подготвував за турнеја и само фрлив семе, мислејќи дека можеби, кога ќе си дојдам дома, ќе се случи нешто магично. И така и беше.“