Николас и Амбер го претвориле стариот силос за пченка во луксузен дом што го издаваат и така заработуваат пристојни пари
Дизајнерката Сара Лебнер смислила како од стар силос за пченка да направи луксузен дом за Амбер и Николас. Оваа двојка имала силна желба да направи нешто неверојатно на својот имот, па го искористила стариот силос за да изгради совршена куќа за одмор за нивното семејство.
Кога не престојуваат во неа, им ја издаваат на други луѓе и така заработуваат пари на страна.
Оваа извонредна куќа се наоѓа на фарма од 1600 хектари, која му припаѓа на семејството веќе пет генерации. За Амбер и Николас, силосот е повеќе од луксузен пансион со појадок. Тоа е и начин да се диверзификува фармата во овие тешки времиња, но и дом за пензионира од соништата за во иднина.
Поврзани објави
Силосот не е обична куќа, тоа е невидено луксузен дом кој воодушевува со својот префинет минимализам и кој совршено се вклопува во околината.
Гледано од далеку, куќата изгледа како вселенски брод со гаража која крие склоп на соларни плочи, дневна соба на отворено, како и џакузи кое се грее на дрва.
Погледнете како изгледа однатре ова чудо од ентериер…