На сите им беше сомнителна свршувачката по 10 години врска и неколку деца, а сега шпанските медиуми ја откриваат вистинската причина што се крие зад огромниот прстен
Георгина Родригез не може да престане да се фали со својот огромен дијамантски прстен. Но за венчавката ќе се причекаат уште девет месеци, бидејќи свадбата ќе се одржи во јули по крајот на Светското првенство.
Меѓутоа, на Георгина не ѝ пречи да чека, бидејќи чекала десет години, па може уште девет месеци.
Но сега се појавија шпекулации дека постои уште една причина за одложувањето на свадбата: Георгина е бремена. И сега според светските медиуми, токму тоа го натерало Кристијано Роналдо да ѝ го подари тој голем прстен на Георгина.
Поврзани објави
Факт е дека Кристијано Роналдо и Георгина Родригез последните неколку години живеат во Саудиска Арабија со своите деца. Роналдо игра за Ал-Наср и го продолжил договорот на уште две години летото 2025. Вредноста на договорот е неверојатни 577,68 милиони евра. Раѓањето вонбрачни деца е нелегално во таа земја и затоа, наводно, фудбалерот ја запросил Георгина сега. Сакал да одбегне правни проблеми.
„Властите предолго ги затвораа очите пред нивниот вонбрачен живот. А ако Георгина забремени, тоа ќе биде сфатено како провокација. Особено поради тоа што Роналдо штотуку потпиша продолжување на договорот“, пишуваат шпанските медиуми.
Кога славната двојка се преселила во Ријад во 2023 година, ја пречекал јавен скандал: локалниот закон им забранува на мажите, вклучувајќи ги и тие од други земји, да живеат под ист покрив со немажена жена. Неговиот статус на фудбалер си го направил своето – владата замижала пред ова кршење на законот, но дали ќе го направи тоа и сега?