До вчера до 16 часот, приближно 700 возила се веќе брендирани и означени. “Очекувам до последниот рок, 29 септември, дека сите возила ќе бидат обележани”, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР), Ивица Томовски, вечерва. Тој додаде дека е задоволен од темпото на работа и соработката со сите институции.
Во своето гостување на Сител Телевизија, Томовски посочи дека главната цел е да се брендираат сите службени возила и возила во државна сопственост, односно да се заменат регистарските таблички на службените возила со нови, специјални таблички во боја.
Тој појасни дека од вкупниот број возила кои се спомнуваат во јавноста, околу 7.500, голем дел се надвор од употреба и најверојатно ќе бидат отфрлени. Томовски ги повика институциите да ја рационализираат употребата на возилата и да ја сведат на минимум, колку што е потребно за нивно непречено функционирање.
“Сите оние 7.500 возила кои ги спомнуваме, туку припаѓаат и возилата од Министерството за внатрешни работи, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Агенцијата за национална безбедност, амбулантните возила, протипожарните возила, се она што значи државна сопственост.” Томовски додаде дека според него, на државата не би требало да ѝ се потребни повеќе од 2.000 возила за непречено функционирање, вклучувајќи ги и инспекциските служби како УЈП и Управата за финансиска полиција.
Томовски потенцираше дека оние кои ќе се обидат да избегнат промена на таблиците до 29 септември, нема да можат да го избегнат тоа при редовната регистрација. Ги повика сите да ја почитуваат препораката на Владата и дадениот рок.
Тој исто така информираше дека е формирана работна група помеѓу МВР и СОЗР, со цел да се пристапи кон промена на регулативата за да се утврди дали може да се воведат санкции за злоупотреба на службените возила. Томовски очекува овој процес да заврши до крајот на годината, а МВР во меѓувреме ќе го подготви регистарот на возила, каде ќе бидат евидентирани сите службени и државни возила.
Директорот на СОЗР очекува до 29 септември сите општини да пристапат кон промена на таблиците и потсети дека на нивната веб-страница има јасни инструкции. Се разговара и за инсталирање на GPS уреди во сите возила, со цел да се спречат злоупотреби.
“Како служба и стоиме на располагање на Антикорупциската комисија и оти досега доставиле во зададениот рок колку службени возила има и кои ги имаат на располагање”, заклучи Томовски.