Според извештајот, Британи починала од тешко воспаление на белите дробови, додека тешката анемија и интоксикацијата со лекови биле наведени како фактори кои придонеле за колапсот на нејзиниот организам. Сепак, фановите ширум светот никогаш не го прифатија ова објаснување во целост – најмногу поради низа необични околности кои ја следеа нејзината смрт.
Едно видео од април 2009 година, 8 месеци пред нејзината смрт, неодамна повторно се појави на интернет и поттикна нови дискусии. Британи тогаш гостувала во емисијата „The Late Late Show“ кај Крег Фергусон, а многумина забележале дека се однесувала чудно.
На Редит е отворена тема за нејзиното појавување во емисијата, а еден корисник напишал: „Делува како да е под дејство на нешто, дури зборува со британски акцент без никаква причина“.
Други забележале дека била „непрепознатлива“, дека се изразувала конфузно и менувала акцент во текот на разговорот. Интервјуто имало чуден почеток – додека Фергусон го изговарал монологот, комичарот Стивен Рајт ја лулал Британи на импровизирана лулашка.
„Лулаш премногу силно… Ти реков да не претеруваш, немаме буџет за нова Британи Марфи“, се пошегувал тогаш Фергусон.
За време на интервјуто, актерката често се смеела неконтролирано, а концентрацијата очигледно ѝ опаѓала.
Кога Фергусон ја прашал дали пие по повод Денот на свети Патрик, Британи одговорила: „Не, не, не, погледнете ме! Не ми треба тоа. Не ми се допаѓа како се чувствувам од тоа. Сакам да бидам присебна, вака“.
На тоа водителот иронично одговорил: „Ова е присебно?“, што предизвикало налет на смеа кај актерката.
Британи почина на 20-ти декември 2009 година, откако се онесвестила во бањата од нејзината куќа во Холивуд Хилс. Пред тоа со денови имала симптоми слични на грип, но не побарала сериозна медицинска помош. Само пет месеци подоцна, во истата куќа и од истите причини – воспаление на бели дробови и анемија – почина и нејзиниот сопруг Сајмон Монџак, британски сценарист, на 40-годишна возраст.
Нивната смрт под исти околности, за кратко време и на истата адреса, дополнително ги поттикна сомнежите во јавноста.
Официјалните наоди укажуваат на здравствени компликации и комбинација од лекови како причина за смртта. Сепак, јавноста сè уште не е убедена. Од шпекулации за труење, преку теории за токсична средина во домот во Холивуд, до сомнежи за психичко и физичко злоставување – теориите се бројни, но докази нема.
И денес, 15 години подоцна, многумина се прашуваат – дали Британи Марфи почина поради несреќен сплет на околности, или зад нејзината смрт се крие помрачна вистина?