Една свекрва открива шокантни детали од животот на снаата – нечиста куќа, занемарени деца и мрзеливост
Ви ја пренесуваме во целост исповедта на една свекрва која ѝ одржала лекција на мрзеливата снаа…
„Не се срамам што ќе го кажам ова – јас сум од тие свекрви што не можат да молчат кога ќе видат дека нешто не чини. Син ми се ожени пред четири години, прекрасно воспитано и вредно момче, а снаата ја прифатив како мое дете. Но кога првпат влегов кај нив дома по раѓањето на нивното второ дете – за малку ќе се онесвестев.
Неред на сите страни. Валкани садови што стоеле со денови, расфрлана облека, а децата – едното во пелени полни до врвот, другото со масна коса и нечисти нокти. Срце ме заболе. Не кажав ништо веднаш, не сакав да правам сцена, но не можев да премолчам.
Наредните денови доаѓав почесто, па помагав малку и набљудував. Снаата лежи со телефонот во раце, децата се занимаваат сами, а син ми кога ќе си дојде од работа, веднаш ја зема правосмукалката во раце. Тогаш седнав и ѝ кажав сè:
Поврзани објави
‘Слушај дете, ти си сега мајка. Не е ова реално шоу, па да го гледаш по цел ден. Децата не можат да растат во нечистотии. Син ми те сака, но нема вечно да ги затвора очите. Во домот мора да се знае редот. Ако треба – ќе ти помогнам, ќе те научам сè. Но мораш да сфатиш дека имаш одговорности.’
Беше шокирана. Молчеше три дена, а потоа ми се јави и ме замоли да ѝ покажам како да се организира. Немаше пример, мајка ѝ правела сè наместо неа, не знаеше од каде да почне. Денес е друга личност. Куќата им блеска, децата се чисти и насмеани и што е најважно – таа веќе не се чувствува изгубено.
Затоа им порачувам на сите свекрви: не мора да бидете злобни, но не мора ни да молчите. Ако се каже нешто од срце, може да помогне. Но и до снаите: не е срамота да се праша и да се учи. На крајот, сите сме тука за семејството.“
ФОТО: Freepik