Џина Џиновиќ е во голем психолошки стрес, додека се обидува да ја заштити својата приватност и семејството.
Џина Џиновиќ, ќерка на познатиот пејач Харис Џиновиќ, се најде во центар на скандал откако приватно видео од нејзиниот телефон заврши во рацете на уценувачи. Според блиски извори, таа е длабоко вознемирена и се соочува со голем психички товар.
Видеото, кое било наменето за лична употреба во рамки на поранешен љубовен однос, е злоупотребено од страна на лица кои наводно сакаат финансиски да профитираат. Овој чин предизвикал страв и несигурност кај младата инфлуенсерка.
Поврзани објави
Дополнителен товар за Џина е и тоа што, според изворите, сè уште не му соопштила на својот татко низ што поминува. Односите меѓу нив биле нарушени по разводот на Харис и Мелина, а таа стравува дека оваа ситуација дополнително би го погодила.
И покрај скандалот, Џина се обидува да остане присебна и да пронајде решение преку блиски пријатели и доверливи контакти. Јавноста со внимание го следи развојот на случајот, а прашањето за злоупотребата на приватноста повторно е во фокусот на медиумите.
instagram.com/djinadzinovic