Почетна ЕкономијаАлиу на конгресот на стоматолозите: Заедно до модерна и чесна стоматологија

Алиу на конгресот на стоматолозите: Заедно до модерна и чесна стоматологија

од nenad
1 минути читај за

Министерот за здравство, Азир Алиу, вчеравечер се обрати на свеченото отворање на 10. конгрес на Македонското стоматолошко друштво, посветен на темата „Иднината на совршеност во стоматологијата: уметност на науката, знаењето и вештините“, се наведува во известувањето од Министерството за здравство кое МИА го пренесува во целост.

„Јас не сум лекар – јас сум инженер, токму тоа ме научи здравството да го гледам како комплексен систем: со елементи кои мора да функционираат поврзано, со транспарентност, ред и доверба. Систем во кој нема место за импровизации и каде не се прифатливи компромисите на штета на пациентот.“

Во светски рамки, стоматологијата напредува со невидена брзина: вештачката интелигенција, роботиката, дигитализацијата и телемедицината целосно го менуваат начинот на кој им се служи на пациентите. „Иднината е веќе тука – и ние имаме обврска да бидеме дел од неа“, порача министерот Алиу.

Во своето излагање, тој потенцираше дека за да бидеме дел од таа иднина, мора да ги изградиме темелите врз професионализам, чесност и одговорност. Конгресот е доказ дека нашите стоматолози имаат подготвеност и способност да воспостават нови критериуми, да ја придобијат и задржат вербата на граѓаните и да бидат активен дел од здравствената трансформација што се случува во државата.

„Како министер за здравство, сакам да нагласам дека нашиот правец е јасен – никаков компромис кога станува збор за квалитетот на здравствената грижа и довербата на граѓаните. Ќе ја поддржиме стоматологијата со политики кои ќе го поттикнат образованието, иновацијата и транспарентноста. Само така можеме да изградиме силен и правичен систем за сите“, истакна министерот Алиу.

Министерство за здравство.
Извор: МИА