Почетна ЕкономијаТрамповата администрација бара од Врховниот суд дозвола за разрешување на гувернерката на ФЕД, Лиза Кук

Трамповата администрација бара од Врховниот суд дозвола за разрешување на гувернерката на ФЕД, Лиза Кук

од nenad
1 минути читај за

Американската администрација, предводена од претседателот Доналд Трамп, поднесе барање до највисокиот суд во земјата, со цел да добие одобрение за разрешување на гувернерката на Федералните резерви, Лиза Кук.

Министерството за правда апелираше до судот да ја укине времена наредба, издадена од окружната судијка Џија Коб на 9-ти септември. Со оваа наредба, на Трамп привремено му беше забрането да ја отстрани Кук, која беше именувана од страна на поранешниот претседател Џо Бајден, објавија британските медиуми.

Судијката Коб констатираше дека обвинувањата на Трамп за наводната хипотекарна измама на Кук, пред нејзиното стапување на функцијата гувернерка, веројатно не се доволно основани за отстранување.

Кук, првата Афроамериканка која ја извршува функцијата гувернерка на Федералните резерви, го тужеше Трамп во август, тврдејќи дека нејзиното отстранување е поттикнато од нејзините ставови за монетарната политика, а не од правни причини.

Администрацијата инсистира на тоа дека претседателот има широки овластувања да ги отстрани членовите на Одборот на гувернери и дека судовите не се надлежни да ја преиспитаат таа одлука.

Трамп оваа година континуирано го критикуваше претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел, и апелираше за намалување на каматните стапки.

Конзервативниот Врховен суд, со мнозинство од шест спрема три гласови, досега застануваше на страната на администрацијата на Трамп во слични случаи на отстранување на независни функционери, но ФЕД ја означи како „уникатно структуриран и квази-приватен ентитет“.