Поп-дива повторно го освои вниманието со смела модна комбинација на снимањето на „Пинкови ѕвезди“.
Музичкото шоу „Пинкови ѕвезди“ оваа сабота, на 20 септември во 21 часот, стартува со нова сезона на ТВ Пинк. Снимањето на свежите епизоди веќе е во тек, а членовите на жирито пристигнаа подготвени во студиото во Шимановци. Сепак, најголем впечаток остави Јелена Карлеуша, која блесна во комбинација што никого не остави рамнодушен.
Поп-ѕвездата се појави во впечатлива комбинација, која и дадоа уникатен ретро шмек. Модниот избор го надополни со краток црн шорц, заводливи секси чорапи и високи потпетици што ја издолжија нејзината фигура.
Сите присутни веднаш коментираа дека изгледала како милион долари.
Поврзани објави
За дополнителен драматичен ефект, Карлеуша ги надополни деталите со црни кожни ракавици и елегантна капа украсена со мрежеста марама. Очигледно е дека Карлеуша умее секогаш да изненади и да привлече внимание, без разлика дали со елеганција или провокација.
printskrin Youtube – jelena karleusa