Уживавме во глетката, во музиката и во подароците од нашите пријатели
На 17 септември, во магичната атмосфера на новиот Hedon Resort, се одржа забавата BYE BYE SUMMER PARTY, во организација на „Колор медиа плус“, компанијата издавач на највлијателниот магазин „Убавина и здравје“.
Освен што уживаа во погледот кон неверојатното зајдисонце од падините на Водно, бројните гости, инфлуенсери и драги пријатели на организаторот се забавуваа, испробуваа производи и креираа спомени.
Catrice, врвниот бренд за козметика и Golden Partner на настанот, обезбеди подароци за сите гости – луксузни мејкап-производи од нивната најнова колекција.
Вечерта немаше да биде целосна и без La Rive, Silver Partner на забавата, кои ги претставија пред присутните своите најбарани и најпосакувани производи.
Во елегантниот простор на Hedon Resort, гостите уживаа во новитетите на парфемската куќа Givanchy, а тестираа и нови мирисни ноти од брендот Montblanc.
Полскиот козметички бренд Ziaja израдува некои од посетителите со подароци од нивните најпопуларни линии за нега.
Кога сме кај подароците, во рамките на посебната лотарија, пријателите на Bye Bye Summer Party, Martimex, израдуваа двајца гости со два парфема од брендот Versace, а пред присутните ги презентираа и уникатните ноти на Monotheme.
Покрај тоа, беше доделена и стипендија за магистерски постдипломски студии на Универзитетот Скопје.
Покрај доброто расположение на присутните, за неверојатната атмосфера се погрижија и веселите здравици во режија на GIN SAX и премиум вотката Сварог.
Љубителите на вино наздравуваа со врвните вина од асортиманот на винаријата Дане Хермес, а гостите не пропуштија да ги испробаат и пијалаците на Jagermeister Manifest.
Поврзани објави
Безалкохолните пијалаци на Пивара Скопје, Добра вода и Ладна се погрижија присутните да останат добро хидрирани во текот на ноќта.
За волшебниот амбиент на настанот се погрижи и луксузниот сјај на џиновските декоративни топки Eclipse Balloons, како и photo booth-от eleven_byeliv, кои претставуваа вистинска атракција и инспирација за креативни инстаграм-фотографии.
Освен тоа, гостите имаа уникатна можност да го искористат еко-превозот на Avant2Go и безбедно да пристигнат до забавата и назад, без надомест за услугата.
Забавата почна на зајдисонце, а гостите беа пречекани со звуците на вибрантниот музички сет на DJ Lukarevska.
Откако Јована Стојменовиќ, уредничката на магазинот „Убавина и здравје“, ги поздрави гостите и пријателите на настанот, на сцената настапи енергичниот рок-бенд Pop Art, кој ги забавуваше присутните до полноќ.
Прекрасен амбиент со уште попрекрасни гости, кои со својата позитивна енергија ја комплетираа оваа незаборавна вечер.
Целосните впечатоци од забавата за паметење можете да ги побарате на:
Facebook: @ubavinaizdravje.mk
Instagram: ubavinaizdravje.mk
Во продолжение ви пренесуваме дел од атмосферата низ фотографии…
Претходно
1 од 15
Следно
Текст: Марија Лукаревска
Фото: Никола Даневски, Горан Десковски