По многубројните обврски што успешно ги заврши, пејачката Катарина Грујиќ реши да ужива во природа заедно со своите најмили.
Парче рај далеку од градската врева
Катарина има сопствени апартмани во кои ужива кога не се резервирани, а најмногу време сака да поминува со блиските пријатели, семејството и ќерката.
Пејачката покажа дел од рајот во кој бега секојпат кога слободното време ѝ го дозволува тоа. Апартманите уредени по нејзин вкус и зеленилото што ги опкружува јасно се гледаат на фотографијата што ја објави на Инстаграм.
Наследство
Поврзани објави
Катарина никогаш не криела дека куќата во Белград ја наследила од својот татко.
– Повеќе би рекла дека среќник е мојот тато кој го направил ова, па дури потоа јас, која го наследив. Мислам дека е нормално родителите да прават сè за своите деца, доколку имаат можности. Така ќе направам и јас за мојата Каќа – изјави Катарина.
Ова е мајката на Катарина Грујиќ
Пејачката никогаш не ги истакнувала членовите на семејството во прв план, бидејќи настојува да ги заштити од прекумерна медиумска експонираност.
Освен што повремено ја покажува својата сестра на социјалните мрежи, останатите блиски луѓе ги чува далеку од очите на јавноста.
Како една од најатрактивните пејачки на естрадата, многумина со години се прашуваат од кого ја наследила убавината, а неодамна таа објави фотографија со својата мајка.