Почетна ЕкономијаЕврокомисијата предложи санкции кон Израел и Хамас

Еврокомисијата предложи санкции кон Израел и Хамас

од nenad
1 минути читај за

Европската комисија денеска објави дека е усвоен предлог за делумно укинување на трговските повластици за Израел, заедно со силен пакет санкции насочени кон терористите од Хамас, радикалите во израелската влада, како и кон насилните еврејски доселеници и организации кои промовираат неказнивост на Западниот Брег. Ова го изјави високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас.

“Сакам да бидам многу јасна. Целта не е да се казни Израел. Целта е да се подобри хуманитарната состојба во Газа”, рече Калас на прес-конференцијата одржана по состанокот на Европската комисија.

Според зборовите на Калас, воената акција на израелските сили во градот Газа предизвикува нова заострена ситуација и уште повеќе ја влошува хуманитарната катастрофа во регионот.

“Сите земји членки се согласуваат дека состојбата во Газа е неодржлива, дека војната мора да заврши, дека страдањето мора да запре и сите заложници мора да бидат ослободени. Мора да ги искористиме сите средства што ни се на располагање за остварување на овие цели”, додаде Калас.

Таа потенцираше дека не треба да се занемари опасниот развој на настаните на Западниот Брег, кои ги намалуваат можностите за постигнување мирно решение засновано на моделот на две држави – Израел и Палестина.