Почетна МакедонијаДимитровски освари средба со Фино, заменик-министерка за Европа и надворешни работи на Албанија

Димитровски освари средба со Фино, заменик-министерка за Европа и надворешни работи на Албанија

од nenad
1 минути читај за

За време на престојот во Тирана, Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, Зоран Димитровски во прилика освари со Меги Фино, заменик-министерка за Европа и надворешни работи на Албанија.

Заеднички констатиравме дека билатералните односи меѓу нашите држави се базираат на пријателство и партнерство, надградени со силно НАТО-сојузништво.

Разговаравме за значајни прашања од интерес за двете земји и граѓаните, со фокус на можностите за унапредување на соработката во клучни области како енергетика, трговска размена, култура и образование.

Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, Зоран Димитровски ги поздрави успешните резултати на Република Албанија во исполнувањето на поглавјата од преговорите за членство во Европската Унија. Успехот на Албанија е успех и на целиот регион.

Воедно, ја поздравив и успешната организација на Tirana Connectivity Forum, настан кој придонесува за понатамошно поврзување и заедничко справување со регионалните предизвици, рече Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, Зоран Димитровски на средбата.


Post Views: 3