Почетна Убавина и здравјеПовкусни од месо! Рецепт за плескавици од тиквици кој ги залуде домаќинките (ВИДЕО)

Повкусни од месо! Рецепт за плескавици од тиквици кој ги залуде домаќинките (ВИДЕО)

од nenad
1 минути читај за



Ако барате лесно, здраво и неверојатно вкусно јадење – плескавиците од тиквици се вистинскиот избор!

Овој едноставен рецепт ќе ве воодушеви со својата брза подготовка и богатство од вкусови. Може да послужи како главно јадење или како совршен прилог со пире од компир, свежа салата или сос по ваш вкус.

Состојки:

  • 2 јајца

  • 2 лажици лебни ронки

  • 4 лажици гриз

  • 1/2 прашок за печиво

  • малку масло

  • сол и мелен бибер по вкус

  • 1 лажица лук во гранули

  • малку слатка пиперка

Приготвување:


Поврзани објави

  1. Изрендајте ги тиквиците, посолете ги и оставете ги да пуштат вода околу 10 минути. Потоа добро исцедете ги.

  2. Во исцедените тиквици додајте лебни ронки, гриз, лук во гранули, прашок за печиво, слатка пиперка и мелен бибер.

  3. На крај додајте ги јајцата и соединете сè во компактна смеса.

  4. Со лажица земајте од смесата, обликувајте плескавици и пржете ги во масло додека добијат златна боја.

  5. Извадете ги со решеткаста лажица и ставете ги на хартија за да се впие вишокот мрснотија.

Совршено јадење за секоја трпеза

Хрскави однадвор, меки и сочни однатре – овие плескавици од тиквици ќе ги освојат и најголемите љубители на месо. Нема да поверувате колку се вкусни сè додека не ги пробате!

Текст: Убавина и здравје