Почетна СветАмбасадата на Македонија во Тирана организираше прием за 8-ми септември денот на независноста на Македонија (ФОТО)

Амбасадата на Македонија во Тирана организираше прием за 8-ми септември денот на независноста на Македонија (ФОТО)

од nenad
1 минути читај за

септември 11, 2025

Во просторите на македонски културно-информативен центар во Тирана, Амбасадата на Македонија во Тирана  организираше прием за 8-ми септември денот на независноста на Македонија. Присутни беа и претставници на македонското национално малцинство во Република Албанија, и од Македонска алијанса за европска интеграција.

Своје обраќање имаше и вршителот на должноста амбасадор на Македонија Љуфтим Спахиу.

Во чест на македонското национално малцинство во Република Албанија претставуваат важен дел од мултикултурната структура на Република Албанија придонесувајќи со својата историја, култура и традиција, организиравме прослава на 34-годишнината на независноста на Република Македонија. За нас 8-ми Септември е ден кога сништата стануваат реалност, кога народот решава да оди по свој пат, горди со надеж за подобра иднина. 34 години независност со многу предизвици, многу препреки и тешки одлуки. Пред 34 години на референдум решивме да бидеме независни затоа што ние така одлучивме; После 29 години од независноста станавме членка на НАТО; Веруваме дека во иднина ќе бидеме дел од европското семејство не поради други туку поради себе. Нека ни е честит  8 Септември – Денот на независноста – стои во објавата на амбасадата.


Post Views: 33


Извор : vesnik-ilinden.com

Амбасадата на Македонија во Тирана организираше прием за 8-ми септември денот на независноста на Македонија (ФОТО)