Земјоделците можат да започнат или продолжат со работа на иманицата, според агрометеоролозите. Времето е благопријатно за оддржување на лози, захранување на есенски посеви, сејба на одредени раноградинарски култури, како и засадување на овошки, доколку почвата тоа го дозволува. Претходната недела, дождот спомогна за зголемување на влагата во почвата, што е необходимо во овој период за успешна сејба на посевите во пролетни услови. Земјоделците можат да продолжат со резидба на лози, отстранување на слаби и болни гранки, садење на нови лозја и засадување на овошки, како и подготовка на почвата за сејба на раноградинарски култури. УХМР најавува сончево време со лесен до умерен ветер денес, а утре сонце со помалку облаци и умерен до засилувачки ветер во Повардарието. Врнежите се очекуваат на среда, а во четврток и петок времето ќе биде променливо облачно. Минималните температури ќе бидат под нулата, а максималните ќе изнесуваат до 16 степени.
Условите во природата одговараат за барањата на земјоделците за отворени работи.
86