И покрај бурните кавги и раскинот, се предвидува дека пејачката и композиторот ќе си дадат уште една шанса.
Бурната врска меѓу Ана Николиќ и композиторот Горан Ратковиќ Рале повторно е во фокусот на јавноста. По жестоката расправија на крајот од август, кога пејачката дури и го пријави насилството во полиција и ги фрли сите негови работи во контејнер, изгледаше дека за оваа љубов нема повеќе спас.
Сепак, астрологот Гоца Драгишиќ има сосема поинаква визија за нивната иднина.
Таа тврди дека врската меѓу Ана и Рале е „кармички спој“ и дека, иако тешко функционираат заедно, уште потешко живеат разделени. Според неа, токму во наредните месеци, октомври или ноември, може да се очекува нивно помирување.
Поврзани објави
И додека јавноста со недоверба ги следи овие прогнози, комшиите на двојката велат дека сценариото е повеќе од реално.
Тие се исти и не можат едно без друг“, е коментарот што кружи во нивното соседство, па останува да видиме дали предвидувањата ќе станат реалност.
printskrin Youtube – blic tv nikolic