За среќа малку ѝ треба
Оваа незаборавна слика од плажата во Хрватска, каде што популарната пејачка во свој препознатлив стил ја изведе попзнатата балада, остана како потсетник за моќта на музиката да ги поврзува луѓето со природата и со нивните емоции.
Со звукот на брановите во заднина, Милица Тодоровиќ во костим за капење испеа позната песна на Дорис Драгојевиќ.
Кога почнаа да се слушаат првите стихови од песната „Мало ми за среќу триба“, присутните се воодушевија, додека Милица со секој стих изразуваше длабоки емотивни нијанси во својот чист глас.
Нејзините очи блескаа и нејзиниот израз зрачеше со вистинска страст за музиката што ја изведуваше. Песната, која веќе ги освои срцата на многумина, доби нова димензија бидејќи одекна со звуците на природата.
Слушнете ја: