Почетна Убавина и здравјеЛила призна чија гардероба ја носела во „Се или нешто“ минатата сезона – сите останаа изненадени

Лила призна чија гардероба ја носела во „Се или нешто“ минатата сезона – сите останаа изненадени

од nenad
1 минути читај за



Водителката откри дека минатата сезона блескала во свои парчиња вредни илјадници евра.

По бројните шпекулации околу нејзиниот изглед во шоуто „Се или нешто“, Лила Филиповска конечно стави точка на приказните. Во гостување во утринската програма „Ја сакам Македониј“, таа откри дека целата гардероба од 14-та сезона била нејзина лична сопственост. Со тоа таа на јавноста ѝ покажа колекција каква што ретко кој може да си дозволи.

Многумина беа убедени дека Лила само позајмува парчиња од дизајнери и бутици за секоја емисија. Но, признанието ја смени целата слика – зад сцената се криела раскошна колекција, составена од внимателно избрани елегантни и скапи комбинации.


Поврзани објави

Со својата искреност, Лила Филиповска ги демантираше шпекулациите и воедно покажа колку вложува во својот имиџ. Таа истакна дека стилот ѝ е дел од професионалната обврска, но и од личниот избор, бидејќи верува дека публиката очекува да ја гледа во најдобро издание.

Покрај признанието, Лила најави дека и во новата, 15-та сезона ќе продолжи со дел од комбинациите од својата лична гардероба. Со тоа уште еднаш ја потврди својата позиција како една од најстилските јавни личности во Македонија, која умее да изненади и да постави високи стандарди.

Instagram printscreen – lila filipovska