Почетна Убавина и здравјеСпомените со Горан Ратковиќ Рале завршија во контејнер – шок потег на Ана Николиќ! Ова се случи

Спомените со Горан Ратковиќ Рале завршија во контејнер – шок потег на Ана Николиќ! Ова се случи

од nenad
1 минути читај за



Пејачката ги фрли сите подароци од поранешниот партнер и порача: „Никогаш повеќе со Рале!“

Познатата пејачка Ана Николиќ дефинитивно стави точка на односот со композиторот Горан Ратковиќ Рале. Откако го пријави за насилство, таа со радикален потег јасно покажа дека не планира нова шанса за нивната врска.

Иако јавноста шпекулираше дека можеби ќе се помират, Ана ги спакувала сите подароци и лични работи што Рале ги оставил кај неа и ги изнесла покрај контејнер. Дури ни накитот и гардеробата не сакала да ги задржи, решена да избрише сè што ја потсетува на него.

Близок извор открива дека пејачката е сè уште повредена и бесна, но одлучна да започне одново.

Сега е целосно насочена кон себе, кариерата и ќерката Тара. Рече: ‘Никогаш повеќе со Рале!’ и сите веруваат дека овојпат ќе ја одржи својата одлука,“ наведува изворот.

Иако Рале претходно јавно ја раскажа својата страна од приказната, вклучувајќи ги и тешките моменти во нивната врска, изгледа дека Ана е решена засекогаш да ја затвори оваа страница од животот.

printskrin Youtube – blic tv nikolic