Среќата ја споделија со сите преку фотографија на Инстаграм.
Популарниот водител Огњен Амиџиќ и неговата сопруга Мина Наумовиќ денеска имаат голема причина за славење. Нивниот син Перун за првпат тргна во градинка, а гордите родители решија овој момент да го споделат со сите преку Инстаграм. Радоста на семејството веднаш привлече внимание и собра бројни реакции.
По веста дека наскоро повторно ќе станат родители, Огњен Амиџиќ и Мина Наумовиќ добија уште една радост во домот. Малечкиот Перун воодушеви со својот стајлинг: носеше шармантен комбинезон на пруги, совршено усогласен со качкет и чорапчиња во исти тонови.
Поврзани објави
Она што најмногу ги стопи срцата на публиката беше малото репче што Перун го имаше врзано на главата. Гордиот татко не ја криеше својата среќа додека го држеше во прегратка, а трудната Мина го овековечи моментот со фотографија која брзо стана хит.
Колку само порасна“, „Преслатко дете“, „Погледнете го тоа репче“ – беа само дел од коментарите на воодушевените следбеници.
Семејството Амиџиќ уште еднаш докажа дека знае да ја сподели својата среќа и да ги трогне сите кои ги следат.
printskrin Youtube – amig shov ognen amidzi