Пејачката ја воодушеви публиката на премиерата на својот концертен филм, со стајлинг што ги остави сите без зборови
Пејачката Милица Павловиќ ја промовираше премиерата на својот концертен филм „Лав“, каде што во центарот на вниманието беше нејзиниот моден избор. По официјалниот дел, таа со голема насмевка позираше пред фотографите, а комплиментите за изгледот доаѓаа од сите страни.
За оваа свечена прилика, Милица облече кратка црно-бела мини хаљина која совршено ги истакна нејзините нозе. Самата хаљина чини 1.100 евра, а модниот избор веднаш предизвика реакции и прашања за вредноста на нејзиниот целокупен стајлинг.
Комбинацијата ја заокружи со сребрени потпетици во вредност од 725 евра и темни очила за сонце за кои одвои 275 евра. Вистинска ѕвезда на модната комбинација сепак беше скапоцената француска нараквица, чија цена достигнува речиси 10.000 евра.
Поврзани објави
Фотографии од Милица може да погледнте ОВДЕ
Фановите добија уште едно изненадување – пејачката за секој подготви оригинален подарок, што ѝ донесе дополнителни трошоци од неколку илјади евра. По премиерата, Милица се потсети на својата соработка со покојниот Саша Поповиќ, но и на долгогодишното пријателство со Јелена Карлеуша.
printskrin Youtube – face hd tv milica pavlovic 4