Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, одбил да ги исплати средствата во висина од 500.000 денари кон ЈП „Лајка“ поради партиски причини, покрај тоа што беа планирани во буџетот за 2023 година на Општина Кисела Вода и што предходната година 90 кучиња од територијата на општината биле третирани. Левица предупредува дека ова може да го продлабочи проблемот со бездомните кучиња во Скопје. Градоначалникот и најавил дека ќе прекине со соработката со ЈП „Лајка“, иако досега општината не исплатила ниту денар кон ова претпријатие. Левица апелира до градоначалникот Ѓорѓиевски да ги постави интересите на народот кој живее во Кисела вода како приоритет и да ги исполнува своите обврски кон јавните претпријатија. Најавите за самостојно решавање на проблемот со бездомните кучиња се несериозни и очигледна импровизација, според Левица. Треба да се интегрираат повеќе субјекти за решавање на овој проблем.
Општина Кисела Вода ќе ги размножува уличните кучиња
76