115
Од утре заловувачкиот тим на ЈП Лајка ќе започне со стратешко заловување на бездомни кучиња во општина Аеродром. За време на следната недела, тимот ќе заловува во реоните Ново Лисиче, Јане Сандански, Реонски Центар, Бисер, Стар Аеродром, Мичурин и Острово, во општина Аеродром. Сите бездомни кучиња ќе бидат заловени и пренесени во Центарот за зоохигиена и заштита на животни во Скопје, каде што ќе добијат неопходен третман. Граѓаните можат да пријават на бездомни кучиња на 02 256 5859, 071 219 925 или info@lajka.com.mk.