Пејачката Тања Савиќ и нејзиниот партнер Мухамед Муки Бешиќ купиле плац на кој планираат да изградат куќа, а пејачката признава дека би сакала да роди уште едно дете.
Тања Савиќ има два сина со поранешниот сопруг Душан Јованчевиќ, но би сакала наскоро да стане мајка и на детето на својот партнер Муки, кој е 11 години помлад од неа.
Имам многу желби. Уште едно дете, машко или женско, што ќе каже Бог. Сакам да се смирам, тоа ми е најважно, да имам куќа со голем двор. Купив плац. Работиме на тоа. Можеби повторно ќе бидам бремена – изјави Тања за „Блиц“ и додаде:
Ми беше тешко за време на бременоста, затоа што се борев со килограмите. Бев огромна. Имав повеќе од 90 килограми. Во втората бременост бев помала, имав 80. Не ми беше грижа тогаш затоа што бев во Австралија, многу пешачев, луѓето не ме забележуваа. Брзо се навикнав дека таму не сум позната.“
Пејачката неодамна се врати од одморот во Турција.
Поврзани објави
Жал ми е што траеше кратко. Јас сум личност која сака да јаде. Имам мали оброци во текот на денот, јадам пет пати дневно. Храната во Турција е во ред, малку зачинета. На пријателките им советувам да јадат како мене – пет мали оброци дневно, за да не се здебелат. Им велам да земат детска чинија, да ја наполнат со сè и сешто, со зеленчук. Тоа е одлично за слабеење по бременоста – рече Тања.
Таа ѝ го честита и раѓањето ќерка на колешката Александра Пријовиќ и откри кое име би го избрала ако роди девојче.
Убаво е името Ариа, но јас сум повеќе за старински имиња. На пример, на својата наследничка би ѝ дала името Алиса, Иконија, Милица, Марија – тие стари имиња“ – заклучи пејачката.
Фото: Инстаграм