Почетна Убавина и здравјеТрошат купишта пари за просечни резултати – Убавина и здравје

Трошат купишта пари за просечни резултати – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Ви споделуваме совети на дизајнери на ентериер како да ја кренете цената на вашите недвижнини

Без разлика дали неодамна сте купиле стан/куќа или го реновирате домот во којшто живеете, едно нешто е сигурно: реновирањето никогаш не е евтино. Затоа, важно е да се донесат вистински одлуки, бидејќи тие можат да направат разлика помеѓу тоа дали ќе го продадете својот дом брзо и по добра цена или долго ќе чекате купец и на крајот ќе прифатите понуда што не ви одговара.

Еве неколку совети на дизајнери на ентериер како со паметни потези да ја извлечете највисоката вредност на вашите недвижнини…

Фокусирајте се на кујната и бањата

Најдобрата инвестиција секогаш се бањата и кујната, бидејќи купците тука најмногу забележуваат разлики. Квалитетните уреди и плакари вредат за сите пари, но скапите мермерни плочки од десетици илјади евра нема да ви се исплатат.

Немојте да ја отстранувате кадата

Ако ја реновирате бањата, задолжително оставете барем една када во домот. За семејствата со мали деца тоа честопати е пресудно, па така, куќата без када може да биде помалку привлечна за потенцијалните купци.

Добриот распоред е клучен

Трендовите се менуваат, но лошиот распоред на просторот секогаш останува проблем. Ако домот нема доволно бањи, места за складирање или кујната е лошо поврзана со дневната соба, тоа ќе ви пречи и вам и на следниот сопственик. Затоа, вреди да се вложи во функционалноста.

Отворете го просторот


Поврзани објави

Во помалите станови, отстранувањето само еден ѕид кој не е носечки може да направи просторот да изгледа многу поголем. Отворениот распоред на кујната и дневната соба дава чувство на пространост и ја зголемува вредноста на домот.

Проверете ги инсталациите

Електриката, водоводот и греењето можеби не ви се најинтересниот дел од реновирањето, но многу се важни. Купците сакаат стабилен дом во кој нема да мораат веднаш да ги менуваат инсталациите или клима-уредот.

Вложете во надворешниот изглед

Првиот впечаток е пресуден. Свежата фасада, средениот двор или новата капија веднаш прават куќата да изгледа одржувано. Тогаш, купците претпоставуваат дека и внатрешноста е добро одржувана.

Одбегнувајте премногу лични детали

Специјалните елементи како вградениот бар за кафе или местото за бањање домашни миленици можеби вас би ве воодушевиле, но ќе ги одбијат повеќето купци. Подобро е да вложите во универзални промени што привлекуваат поширок круг на луѓе.

Одбирајте неутрални бои за ѕидовите

Можеби ја обожавате интензивната зелена боја, но на следниот купец веројатно нема да му се допаѓа. Неутралните тонови оставаат впечаток дека куќата веднаш е спремна за вселување и на купците ќе им заштеди трошоци за бојосување, што веднаш се одразува на вредноста.

Фото: Pexels/Pixabay