74
Шефот на паравоената група Вагнер, Евгениј Пригожин, денес изјави дека има намера да се кандидира за претседател на Украина во 2024 година. “Гледајќи сè околу мене, имам политички амбиции. Решив да се кандидирам за претседател во 2024 година. За претседател на Украина”, рече Пригожин во видеото објавено на Телеграм. Тој додаде дека очекува да се натпреварува за оваа позиција со поранешниот претседател Петро Порошенко и актуелниот претседател Володимир Зеленски.