Почетна ЕкономијаМицкоски најави набавка на 100 современи амбулантни возила

Мицкоски најави набавка на 100 современи амбулантни возила

од nenad
1 минути читај за

Премиерот Христијан Мицкоски денеска објави дека Владата одлучила да набави сто нови, современи амбулантни возила. Оваа информација ја соопшти по увидот во градежните работи на детската градинка во скопското село Драчево, одговарајќи на прашање од новинар за планираната набавка на медицински возила, поради амортизираноста на постоечките.

Тој истакна дека на претходната владина седница е донесена одлука да се започне процес за набавка на сто новоопремени амбулантни возила.

“Наш главен приоритет е обновата на овој тип на возен парк во јавните медицински установи, имајќи во предвид дека таму е катастрофално алармантна состојбата, бидејќи таму луѓето се потпираат на оние возила кои се донација.”

Премиерот Мицкоски додаде: “Како Влада на последната седница донесовме одлука за отпочнување на 100 нови модерно опремени возила, кои ќе бидат распределени во јавните здравствени установи ширум државата.”

вдј/сст/ Фото: МИА
Извор: МИА