Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, изјави дека со изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д, домашните компании ќе добијат 650 милиони евра. Во договорот се наведува дека 51 процент од изведувачите мора да бидат домашни компании, а со договорот од 1,3 милијарди евра, 650 милиони ќе завршат во домашните компании, изјави Битиќи на емисијата “Стадион” на Радио “Канал 77”. Тој истакна дека експропријацијата на земјиштето не е вклучена во тендерската документација. Коридорот 8 е вклучен во паневропските коридори, што овозможува Европската Унија да ни дава финансиски средства за изградба на патиштата, за што можеме да аплицираме секоја година. Во врска со владината одлука за замрзнување на цените на дел од прехранбените производи, Битиќи истакна дека тој чекор е предузен само во ситуација кога другата страна не се однесува морално и етички, и дека Владата работи за подобро благосостојба на граѓаните.
Битиќи истакна дека над 600 милиони евра ќе се инвестираат во домашните компании поради изградбата на автопатите.
73