Шефот на паравоената група Вагнер, Евгениј Пригожин, најави дека планира да се кандидира за претседател на Украина на изборите кои се предвидени за 2024 година, но не го објасни како ќе го спроведе тоа и колку се сериозен во своите намери.
Ако биде избран, тој смета дека ќе успее да ја заврши војната во Украина и тоа ќе биде неговиот предлог пред гласачите.
“Гледајќи ја целата ситуација околу мене, имам политички амбиции. Решив да се кандидирам за претседател во 2024 година, конкретно за претседател на Украина”, објави Пригожин во видео објавено на Телеграм.
Очекува да се натпреварува за оваа позиција со поранешниот претседател Петро Порошенко и актуелниот претседател Володимир Зеленски.
“Ако победам на изборите за претседател на Украина, тогаш сè ќе биде во ред, гранати нема да бидат потребни”, изјави тој.
