
Само еден ден пред настанот, Спасовски кажа дека МВР соработува со бугарското МВР за настанот да помине мирно без инциденти. Ова е доказ дека нашата ВИП служба и АНБ соработувале со колегите од бугарската тајна служба и9 најверојатно на барање на Мицковски тој добил физичко обезбедување кое најверојатно носело и оружје и биле спремни и да пукаат врз Бугари за некој да не го нападне или ликвидира лидерот на ВМРО ДПМНЕ додека глуми голем патриот во Благоевград.

Смешно беше што охрабрен дека има физичка заштита, Мицковски му се силеше на тој што му дофрлаше и неколку пати му се закани НЕМОЈ ТАКА ДА МЕ ГЛЕДАШ?!?! Демек ќе го тепа?! Мицковски сакаше да се престави како голем мачо мен во Бугарија, но тоа е комично кога исплашен барал од МВР да му обезбедат бодигарди од бугарското МВР…
Бугарија не само што дозволи тој да отиде на настанот, не само што не му организираа контра пречек со голем митинг, па дури и го чуваа од некој од тајфата на Каракачанов и оној новиот фанатик фашистот провокатор Џамбаски…